| четврток, 6 декември 2018 |

Помош од ФФМ за настраданите од поплавите

Вработените во Фудбалската федерација на Македонија реагираа експресно на повикот на Црвениот Крст и со донација за настраданите од поплавите во нашата земја покажаа вистински спортски дух. Тие донираа одредени количини на вода и средства за хигиена, нешто што е најнеопходно во моментов за населението што живее во областите во Македонија кои се најпогодени од природната катастрофа.

ffm 1

Брзата реакција на вработените во ФФМ е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на оние граѓани кои имаат потреба од тоа. Ги повикуваме и другите спортски федерации, институции и компании да се приклучат во оваа акција, и се надеваме дека барем малку ќе им помогнеме на погодените семејства, стои во соопштението од ФФМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top