| четврток, 6 декември 2018 |

Владините функционери на терен, ќе им помагаат на граѓаните загрозени од поплавите

Владини функционери се упатуваат на терен за да бидат со месното население кое е загрозено од поплавите што ја зафатија источна Македонија, и да ја дадат својата поддршка и помош. Тие ќе извршат непосреден увид во состојбите и да ја координираат активноста за менаџирање со последиците од обилните врнежи и поплавите.

Вицепремиерот Пешевски ќе биде на терен во Новаци, министерот Диме Спасов ќе го посети Чешиново Облешево, а заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски ќе биде во Струмичко.

Координативното тело предводено од министерот Миле Јанакиески ги следи состојбите и презема мерки и активности за превенција од поплавите и намалување на негативните ефекти од нивното влијание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top