| четврток, 6 декември 2018 |

Звер: Потегот на македонската опозиција е неприфатлив и недемократски

звер

Пратеникот во Европскиот парламент, Милан Звер, во изјава за МИА го осуди однесувањето на македонската опозициска партија СДСМ за случајот „Пуч“, оценувајќи го како неприфатливо и целосно недемократско.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, словенечкиот европратеник и поранешен министер за образование на Словенија посочува дека опозицијата во Македонија користи методи што се целосно непознати за демократијата.

– Како член на групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент, последните неколку години го следам успешниот развој на Македонија. По величествената победа на партијата на премиерот Никола Груевски, опозицијата во земјата започна да користи необични потези за демократијата, вклучувајќи и бојкотот на работата на законодавниот процес. Најновиот скандал во кој тие сакале да ја дестабилизираат Владата со нелегално прислушување на премиерот е целосно неприфатлив и непознат за демократијата. Разговарав со многу од моите колеги во Европарламентот и сите го делат ова мислење – вели европратеникот Звер во изјава за МИА.

Пратеникот од најбројната Европска народна партија (ЕПП), во име на најголемиот дел од своите колеги во европскиот законодавен дом и порача на македонската Влада успешно продолжување на нејзината работа. А, на опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Заев, поранешниот словенечки министер и актуелен европратеник им порача да покажат „поконструктивен став со цел стабилизирање на македонското политичко тло и напредок на македонските евро-атлантски интеграции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top