Голден стејт вориорс е најдобра екипа во досегашниот дел од НБА лигата, а статусот го потврди и ноќеска со убедлива победа од 121-96 против Сакраменто кингс.
Стефон Кари, Клеј Томпсон и останатите воини си поигруваат со противниците, а силата на Голден стејт ја почуствуваа и кралевите. Тие не успеаја да постигнат кош цели 9 минути во дел од првата и втората четвртина, а гостите во тој период имаа импресивна серија од 23-0 со која го скршија отпорот на домашната екипа.
Од 14-22 Вориорс направија предност од 15 поени разлика во своја корист што беше клучен фактор за 38-та победа. Атланта хоукс има две победи повеќе, но и 9 порази, еден повеќе од Голден стејт во битката за најдобрата плејоф позиција во НБА.
Резултати: Сакраменто – Голден стејт 96-121, Портланд – Јута 103-102, Детроит – Мајами 108-91, Њујорк – Бостон 97-108, Филаделфија – Денвер 105-98
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



