| четврток, 6 декември 2018 |

Сашко Коцев: Бевме голтари, растоваравме лубеници, препродававме книги…

– Што се не сум работел, келнер, сме репарирале гитари, сме препродавале книги – откри Сашко Коцев во „Еден на еден“ кај Жарко Димитриоски.

Кумановскиот актер откри дека уште од времето кога со другарите биле во средно училиште имале талент од ништо да направат нешто и секогаш пронаоѓале начини да заработат. Една од финтите им била собирање на учебници, а потоа нивно препродавање. Заработката најмногу ја трошеле на својата најголема пасија во моментот, нивната музичка група „Абраксас“.

– Бевме седум-осум најблиски другари и бевме голтари, не знаеш колку бевме сиромашни, скапаници, автостоп студирав, во кафич работев, јас не се срамам од тоа – вели Сашко.

Коцев раскажа и случка кога со неговото друштво добиле задача да растоварат шлепер со лубеници. Иако мислеле дека се работи за некој камион и работата брзо ќе им заврши, „камиончето“ кое требало да го растовараат се покажало дека е шлепер со 22 тона на бостан.

– Едниот другар беше со скршена рака, беше прежешко, лубеници паѓаа насекаде, бевме цели намачкани со сокот од лубениците, оси ќе не изедеа, змии се собраа, змаеви…- раскажува тој.

Целиот разговор за „Еден на еден“ може да го погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top