| четврток, 6 декември 2018 |

Цените на нафтата пораснаа за 11 отсто

Цените на нафтата продолжуваат да растат, бележејќи раст во изминативе два дена од преку 11 одсто, после најавата на „Бритиш Петролеум“ дека ќе ги намали капиталните инвестиции во 2015 година.

На лондонскиот пазар цената на барелот скокнала 1,90 долари во однос на претходното затварање, на 56,65 долари. На американскиот пазар, барелот се тргувал по 1,51 долар повисока цена од 51,08 долари.

„Бритиш Петролеум“ најави дека порaди остриот пад на цената на нафтата во 2015 ќе ги намали капиталните инвестиции за 13 одсто, на 20 милјарди долари. Минатата недела „Шеврон“ веќе реагирал на падот на цената, намалувајќи ги своите капитални трошоци за 13 проценти, на 35 милијарди долари.

Најавите на големите нафтени компании за намалувањето на капиталните инвестиции ги поддржуваат цените на нафтата, оценил Михаел Хевсон од „CMC Markets“.

Поедини инвеститори сметааt дека цените на нафтата го допреле дното после седуммесечниот пад, а намалувањето на бројот на активни бунари во американското производство од шкрилци предизвикува загриженост за идното производство.

„Посеено е семето на опоравување на цената на нафтата“, напишале во белешка аналитичарите на Бернштајн, предупредувајќи на опасност од намалување во понудата на нафта на подрачјата на Мексиканскиот залив, Северното море и Бразил, знаејќи дека компаниите  ги намалуваат трошоците како одговор на вртоглавиот пад на цената на нафта од 60 одсто од средината на јуни 2014 година.

Други предупредуваат дека има премногу возбудувања околку падот на бројот на бунари во САД. Аналитичарите на Морган Стенли објавиле дека односот помеѓу бројот на бунари и производство може да биде погрешен.

Посебно Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК) на своjaта интернет страницa објавуви дека цената на барел  во нејзината кошница на нафта во понеделникот изнесувала 48,19 долари, што значи дека пораснала дури 3,36 долари во однос на претходните трговски денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top