Во овој тенк ќе има оклопна капсула, кога ќе ги заштити членовите на екипажот дури и кога тенкот ќе биде директно погоден. Оклопот ќе може да издржи удар од било какво противтенковско оружје, велат неговите конструктори.
Руската армија наскоро ќе добие тенк од петтата генерација, кој ќе биде наречен “Армата”. Тој, како што велат конструкторите, ќе биде најпаметниот тенк во светот, а светската и руската јавноста ќе можат да го видат на воената парада по повод Денот на победата, на 9. мај оваа година.
Пробните 12 тенкови ќе ги оценуваат руски тенкисти, а потоа би требало да започне сериското производство. Се планира до 2020. година, руската армија да добие 2.300 нови тенкови.
Овој тенк бил направен на универзална оклопна платформа “армата” и според своите карактеристики ги надминува сите досегашни тенкови. Ова оружје ќе се појави благодарение на поддршката на претседателот Владимир Путин на домашните конструктори и произведувачи. Од славниот “Уралвагонзавод” тврдат дека тоа ќе биде најсигурниот тенк во светот.
“Во ниеден тенк до сега екипажот не е толку заштитен, како што ќе биде во “Армата”. Во него ќе има оклопна капсула која ќе ги заштити животите на екипажот дури и кога тенкот ќе биде директно погоден. Оклопот ќе може да издржи удар од било кое противтенковско оружје”, велат неговите конструктори.
Рускиот тенк “Армата” ќе биде максимално компјутеризиран, ќе има топ со калибар 125 милиметри со кој ќе може да се управува и од дистанца.
На Западот засега никој не работи на сличен проект како што е “Армата”. Московскиот воен експерт, Виктор Мураховски, вели дека само уште Кина, Кореја и Јапонија работата на проект “паметен тенк”, но дека Русија ги надминала сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никола Груевски побра ист став на судијата за оригиналните докази и нивните копии
-
Груевски: Побиена е тезата на СЈО, компанијата од каде е купен „Мерцедесот“ не заработила екстра профит
-
Груевски за случајот „Тенк“: Сите искази на сведоците на СЈО беа во наша корист
-
Сведокот на СЈО: Една држава не може да функционира со блиндирани возила стари и по 20 години


