Кејт Мидлтон е позната по својата елегантна фигура, а извори блиски до неа тврдат дека таа планира да остане во добра форма и за време на бременоста.
Една нејзина пријателка открила дека Кеј веќе најмила инструктор кој ја посетува неколку пати во неделата во кралската палата. Оди на долги проштеки секој втор ден за да ја забрза работата на срцето. Кејт сака и ужива во прошетките во лондонскиот Хајд Парк, но наводно, многу сакала да јаде слатко.

– Кејт секогаш мисли на тоа како да касне нешто слатко. Обожава кекси, чоколади, торти. Секогаш кога пие кафе, знае да се почести и со нешто слатко – изјави нејзината пријателка за весникот „Ју-ес викли“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


