Мајами хит направи популарен „Блекџек“, ја продолжи победничката серија и сега има 21 триумф во низа. Најнова жртва на „жешките“ беше екипата на Милвоки бакс. Мајами победи со 107-94, на крилјата на Леброн Џејмс и Крис Бош, кои дадоа по 28 поени.
Само уште три тима во НБА историјата имале серија од 20 или повеќе победи. На врвот се Лос Анџелес лејкерс со импозантните 33 триумфи, во сезоната 1971/72, зад нив се Хјустон рокетс од 2007/08, со 22 победи, а до 20-ка стаса и Милвоки, со тимот од сезоната 1970/71.
ЛА лејкерс остварија изненадувачка победа на гости против Индијана со 99-93, а се случи чудо и Коби Брајант за првпат во кариерата не даде ниту еден кош. Поради повреда на скочниот зглоб тој не требаше да игра, но сепак истрча на паркетот и одигра 12 минути,без поени.
Центарот Двајт Хауард, кој не е во добри односи со Коби, ја презеде одговорноста и со 20 поени и 12 скокови, го водеше тимот до победа.
Резултати: Милвоки – Мајами 94-107, Индијана – ЛА лејкерс 93-99, Оклахома – Орландо 117-104, Хјустон – Минесота 108-100, Атланта – Феникс 107-94, Вашингтон – Њу Орлеанс 96-87, Торонто – Шарлот 92-78, Голден Стејт – Чикаго 95-113, Денвер – Мемфис 87-80, Далас – Кливленд 96-86.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


