| четврток, 6 декември 2018 |

Пелистер во Анталија ја крои формата за пролетниот дел од шампионатот

Фудбалерите на Пелистер пристигнаа во Анталија каде ќе ги имаат главните подготовки пред стартот на пролетниот дел од шампионатот на Македонија.

Во Белек се крои пролетната форма што треба да му донесе на Пелистер бегство од зоната за опстанок и мирна пловидба во финишот на сезоната.

 

vardar-pelister-17

Задутре битолчани ќе почнат и со пријателски натпревари, а прв противник е ланскиот учесник во Европа Лигата на УЕФА, Шахтар Караганди.

Договорени се и тест мечеви со Дебрецин и Висла Плок, а за осми февруари допрва треба да се најде противник кој ќе ги одмери силите со Пелистер.

На стартот од продолжението на домашниот шампионат на 1. март Пелистер ќе игра со Брегалница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top