| четврток, 6 декември 2018 |

Нафтата ќе стане 4-5 пати поскапа од цената денеска

NAFTA

Цената на барел нафта порасна во петокот на светските берзи кон 50 долари, поттикната од насилството во Ирак кое го потисна во втор план скокот на резервите во САД.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 37 центи во однос на претходното затворање, од 49,50 долари. На американската берза со барелот се тргуваше по 42 центи повисока цена од 44,95 долари.

Во Лондон цената на нафтата од средината на јануари се движи во распон од 45 до 50 долари за барел, а во петокот поддршка им пружи и новиот бран насилство во Ирак, каде што милитантите од Исламската држава се судрија со курдските сили во близина на Киркурк, регион богат со нафта.

Оваа вест ги потисна во втор план податоците на американската влада од средата за силен скок на резервите во минатата недела, за 8,9 милиони барели, на исклучително висоско ниво од 406,7 милиони барели.

Високото ниво резерви во светот сигнализира можност од натамошен пад на цените, напоменува Амрита Сен од лондонски Energy Aspects.

„Со оглед на размерите од зголемување на залихите, цените на нафтата би можеле повторно да паднат“, проценува Сен. „Фундаментите и натаму се слаби, со оглед дека сезонските работи на одржување во рафинериите резултираат со зголемување на ионака високото ниво на залихи“, појаснува Сен.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) во овој месец предупреди дека закрепнувањето на цените би можело уште некое време да причека и покрај зачестените сигнали за забавување на надолниот тренд на цените, вклучително и на намеленото американско поизводство од шкрилци и поголема побарувачка.

Шефот на ОПЕК Абдала ел-Бадри прогнозираше дека наскоро цената на нафтата ќе почне да расте и може да достигне 200 долари за барел

“Сегашните цени од 45-55 долари за барел го имаат удрено дното. Мислам дека нафтата нема повеќе да поевтинува. Многу наскоро можеме да го видиме скокот нагоре”, истакнува генералниот секретар на ОПЕК, Абдала ел-Бадри.

“По три-четири години може да има недостиг на нафта и тогаш цените ќе пораснат, и може да стигнат до 200 долари за барел”, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top