| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава групна тепачка пред „Расадник“

Ноќва во 3.15 часот пред спортската сала „Расадник“ во скопска Кисела Вода, настанала вербална расправија, а потоа и тепачка меѓу Б.П.(25) од една страна и А.К.(26), А.Ј.(26) и М.П.(26), сите од Скопје, од друга страна, во која Б.П. со нож им нанел убодни рани на А.К и на А.Ј. во пределот на градниот кош.

Повредените се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ и се задржани за натамошно лекување, додека на Б.П. му е укажана лекарска помош во Ургентен центар – Скопје, каде што му е констатирана телесна повреда во пределот на главата.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top