
Полицијата синоќа го уапсила 40-годишниот скопјанец И.Ч. поради нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на поранешна „Ленинова“.
Како што информираат од полицијата, откако И.Ч.(40) од Скопје се довел во алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир, при што бил опоменет од страна на полициски службеник, но му се обратил со погрдни и омаловажувачки зборови.
По приведувањето, на И.Ч. му бил направен алкотест и му е утврдено присуство на 2,23 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, најавуваат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


