Три момчиња се повредени во тепачка што во 3 часот по полноќ се случила пред спортската сала „Расадник“.
Тепачката се случила меѓу Б.П.(25) од една страна и А.К.(26), А.Ј.(26) и М.П.(26), сите од Скопје, од друга страна. Во неа Б.П. со нож им нанел убодни рани на А.К и на А.Ј. во пределот на градниот кош.
Повредените се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ и се задржани за понатамошно лекување, додека на Б.П. му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје, каде што му е констатирана телесна повреда во пределот на главата.
Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


