Чудно како Милан Калиниќ никого не усмртил во сообраќајната незгода што ја предизвика враќајки се со Копаоник со оспругата и со децата. Актерот и водител на ТВ „Пинк“ со својот џип „ленд ровер“ налетал на „сузуки“ во кои биле четворица унгарски државјани.
Автомобикот „сузуки“ бил целосно смачкан. Калиниќ возел надолу, преминал во спротивен правец и удрил директно во автомобил Калиниќ сам признал дека е виновен за незгодата, дека лошо го проценил лизгавиот коловоз. За незгодата му се заканува четригодишна казна затвор за тешко дело против безбедноста во сообраќајот, сторено од небрежност.
Се зема предвид дека тој и претходно имал кривични и прекршочни пријави за дела во сообраќајот.
Доколку биде прогласен за виновен, тие прекршооци нема да му одат в прилог. Неговиот адвокат не верува дека ќе добие затворска казна. Вели, среќа што актерот немал алкохол во крвта. Вели, веројатно ќе биде осуден на една година затвор, условно на три.
Фото: Курир.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




