| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Калиниќ призна: Би ја изневерил сопругата!

Ѕвездите од „Певај брате“, „Зона Замфирова“ и многу балкански претстави и филмови, Милан Калиниќ и Милан Васиќ, беа гости во „Еден на еден“.

 Со Жаре зборуваа за многу неверојатни анегдоти, приказни од кариерата, Васиќ покажа дека пее прекрасно, а Калиниќ не се плашеше да го врзат за детекторот на лаги.

 Освен одличниот почеток со сегментот „новинарска поезија“ и предлозите за тоа како да почнете бизнис со мали пари, ќе ги видите и топ 10 знаците дека сте зависни од обложување и разговорот за животот во Детроит, САД со поранешниот пејач и водач на „Браво бенд“, Ристе Тевдовски. Епизодата финишираше со настап на „Суперхикс“ и нивната „Рампарарам“.

 Уживајте со новата епизода од најгледаното македонско ток-шоу, до следната сабота на „Телма“, за кога неофицијално е најавен контроверзниот Боки 13.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top