| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо вреди една милијарда евра

Кристијано Роналдо е најдобар фудбалер на планетата според изборот на ФИФА, а неговиот агент Хорхе Мендеш вели дека вреди една милијарда евра.

– Роналдо сигурно нема да го напушти Реал Мадрид, но ако тоа се случи, отштетата нема да биде под една милијарда. Доколку Реал се одлучи да го продаде за помалку пари, на пример за 300 милиони, верувам дека ќе има многу клубови што ќе сакаат да ја платат цената за него – вели Мендеш.

Kristijano-Ronaldo

Некогашниот диџеј молскавично се претвори во најпознат фудбалски менаџер на планетата со профит од преку една милијарда, а ги застапува познатите Мурињо, Сколари, Фалкао, Ди Марија, Родригес, Де Хеа, Коста и уште многу познати фудбалери и тренери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top