Актерот и водителот на „Ѕвездите на Пинк“,Милан Калиниќ, по сообраќајната несреќа која ја предизвика во неделата, бил на сослушување во полицијата. Нему му се заканува затворска казна. Според српските медиуми, по сослушувањето, тој се упатил во болницата во Крушевац каде што лежат Унгарците кои се повредени во сообраќајната несреќа. Сакал да ги види, но во шок-собата не се дозволени посети. Лекарите му рекле да не инсистира и да се задоволи со информациите што му ги даваат.
Калиниќ половина час се убедувал со лекарите, додека на крајот не дошло обезбедувањето, кое му објаснило дека не може да влезе во шок-соба.
– Леле Господе, само да закрепнат – викал водителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.