
Социјалната игра „Монопол“ оваа година слави 80 години од постоењето и по тој повод претставништвото на компанијата „Хазбро“ во Франција реши во еден број да уфрли вистински пари.
Како што пренесуваат француските медиуми, од 30 илјади кутии „Монопол“ со лепенки „80 години“ кои ќе се најдат на пазарот, 80 ќе имаат специјален подарок за купувачите – во 69 ќе бидат уфрлени банкноти во износ од 150 евра, во 10 кутии ќе има банкноти во вкупна вредност од 300 евра, а во една ќе биде вистинскиот „џекпот“ од 20.580 евра.
– Сакавме да смислиме нешто посебно за овој јубилеј, а кога ги прашавме играчите во Франција, тие ни кажаа дека би сакале во кутијата да има вистински пари – велат од компанијата.
„Хазбро“ продава 500 илјади кутии „Монопол“ годишно во Франција, а откако е измислена играта во 1935 година се продадени повеќе од 275 милиони примероци низ светот.
„Монпол“ е преведен на 47 јазици и се продава во 114 земји. Пресметано е дека досега оваа игра ја играле милијарда луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


