| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава тепачка во кумановско средно училиште

Вчера попладне се случила крвава тепачка во средното економско училиште во кумановско Бедиње. Во тепачката учестувале младите кумановци  Бејтин С. (20), Рамадан М. (16) и Шукри И. (22), Риад С. и Авдљазиџ Ј. Младите кумановци започнале расправија, но, кратко потоа ситуацијата ескалирала и почнале и физички да се пресметуваат.

noz

Еден од учесниците во тепачката извадил нож и ги нападнал Бејтин С. и малолетниот Рамадан. Двете момчиња заработиле сериозни убодни рани по телата и биле пренесени во Ургентниот Центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top