| четврток, 6 декември 2018 |

МОН иницира средба за високото образование на 10 февруари

ministerstvo-za-obrazovanie tabla

Министерството за образование и наука, кое го прифати предлогот на Сенатот на УКИМ за расправа од која ќе произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование, иницира средба идниот вторник (10 фервуари) на која би присуствувале соодветни претставници, делегирани од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Универзитетскиот сенат на Скопскиот универзитет во петокот на седница донесе одлука да му предложи на Министерството за образование и наука да се иницира сеопфатна расправа со наставниците, студентите и сите релевантни чинители во процесот на високото образование, од која ќе произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование.

– Имајќи во предвид дека предлогот од наша страна беше оценет како конструктивен и во насока на унапредување на високото образование во земјата, Министерството за образование и наука на ден 10.2.2015 година (вторник) предлага да се одржи иницијална средба на која би присуствувале соодветни претставници, делегирани од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, соопшти МОН.

Министерството посочува дека доколку УКИМ ја прифати иницијативата и согласно со можностите на двете страни, локацијата и временскиот термин на средбата ќе бидат дополнително прецизирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top