| четврток, 6 декември 2018 |

10 милијарди евра помош за Кипар

euroМинистрите за финансии од еврозоната се договорија со Кипар за долгоочекуваниот спасувачки кредит, соопштија рано утринава дипломати, по повеќе од девет часа преговори во Брисел. Кипар ќе добие спасувачки пакет од околу 10 милијарди евра, откако утринава склучи договор со меѓународните кредитори, изјавија дипломати. Сумата е значително пониска од првично бараните 17,5 милијарди евра, забележаа агенциите. Програмата за финансиска помош вклучува вонреден данок, кој што може да стигне до 9,9 проценти, врз банкарските депозити во кипарските банки, кај сметките поголеми од 100.000 евра.

Меѓународниот монетарен фонд во кипарскиот спасувачки план ќе учествува со милијарда евра.Кипар во јуни минатата година побара финансиска помош од ЕУ и ММФ, за да ги спаси двете најголеми банки од финансиските тешкотии, што беа жртви на грчката криза. Кредиторите, меѓутоа, не беа подготвени на земјата да и дадат 17,5 милијарди евра, стравувајќи дека Кипар нема да може да врати толку голема сума и долгот неодржливо ќе се развлече по доделувањето на помошта. Меѓународните кредитори побараа гаранции дека островската држава ќе ги исполни обврските преземени во замена за доделните средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top