
Театар Комедија, имајќи ја предвид вонредната состојба во Штип и околината, реши приходот од изведбата на претставата „Стјуардеси“, која ќе се одигра на матичната сцена на трети февруари, вторник, да биде целосно дониран на Општина Штип за да им се помогне на загрозените подрачја во форма на храна, облека и обувки, соопштија од Театар Комедија.
Кон акцијата ќе се приклучат и Драмски театар со претставата „Човекот што го изеде светот“, која е на репертоарот на шести февраури, петок и МНТ со претставата „Не се клади на енглези“ на 7.2 (сабота).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“


