| четврток, 6 декември 2018 |

Кога дојде, кога си замина – Расмусен го напушти ЖРК Вардар

По само еден натпревар и неполн месец престој во Скопје, Ким Расмусен спогодбено го раскина договорот со управата на ЖРК Вардар. Тренерот што беше доведен како најголемо засилување кај вардарки во зимскиот преоден рок и требаше да ја врши работата како тренер-консултант, очигледно не ги задоволил вкусовите на управата и по само еден официјален натпревар, тој со Лајпциг во Лигата на шампионите во кој Вардар загуби, си замина од Скопје.
На официјалната веб-страница на клубот стои во соопштението за спогодбен раскин на договорот.

– Македонскиот женски ракометен првак ЖРК Вардар и Ким Расмусен спогодбено го раскина договорот за соработка. Данскиот тренер беше дел од екипата во функција на тренер-консултант. ЖРК Вардар му посакува успешна работа во иднина на Ким Расмусен – се вели во соопштението на актуелниот првак на Македонија во женска конкуренција.

Индира Кастратовиќ ќе остане на чело на вардарки, сега без консултант крај себе, а ЖРК Вардар својот следен предизвик ќе го има следниот викенд, на домашен терен против тимот на Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top