| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени две дела во бронза на Микеланџело

Статуите на двајца мажи со раката подигната нагоре во знак на поздрав, му се препишуваат на ренесансниот мајстор благодарејќи на еден ситен детал кој е пронајден на цртежот на еден од учениците на Микеланџело, се додава во соопштението на Музејот

13939676454cf66a143fa6246896396_640x500

Две бронзени статуи од мускулести мажи кои јаваат пантери, секоја од нив висока по еден метар, најверојатно се дело на Микеланџело, соопшти Музејот на Универзитетот „Кембриџ“ – Фицвилијам. Ова се единствените бронзени дела од Микеланџело што се преживеани.

Статуите на двајца мажи со раката подигната нагоре во знак на поздрав му се препишуваат на ренесансниот мајстор благодарејќи на еден ситен детаљ кој е пронајден на цртежот на еден од учениците на Микеланџело, се додава во соопштението на Музејот.

Професорот по историјата на уметност Пол Јоанидес на Универзитеот „Кембриџ“ ги поврза бронзите со еден цртеж на еден помошник на Микеланџело кој се наоѓа во Музејот „Фабр“. Помошникот на Микеланџело наводно ги копирал изгубените скици на ренесансниот сликар, вклучувајќи ја и композицијата на мускулестите момчиња на пантер.

– Скицата е нацртана на интензивен начин каков што користел Микеланџело за дизајн на скулптурите и тоа наведува на заклучок дека Милеканџело ја разработувал оваа необична тема за тродизмензионално дело – пишува „Ројтерс“.

Се верува дека бронзените статуи, кои беа заборавени повеќе од еден век, се едно од првите дела на Микеланџело. Тие се изработени откако Микеланџело го завршил мермерниот Давид и пред почетокот на работата на Сикстинската капела.

Бронзените статуи првпат официјално му се препишале на Микеланџело откако се појавиле во колекцијата на Адолф де Ротчајлд во 19. век, соопштува Музејот.

Микеланџело работел со бронза, но тие дела или се изгубени или се уништени, наведува Музејот. Ако се потврди дека тој е авторот на овие скулптури, тогаш тие се единствените дела од бронза на Микеланџело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top