
Тело на сѐ уште неидентификувано лице утрво е пронајдено во водите на Кумановска Река. Телото, чијшто идентитет уште не е познато, е пронајдено утрово во 9.20 часот во Кумановска Река.
Од МВР велат дека идентитетот сè уште не може да се потврди бидејќи телото во овој момент се извлекува од водите. Од таму велат дека повеќе информации ќе имаат по завршувањето на увидот. Нема потврда ниту во какви околности настапила смртта.
Вчера во полиција во Куманово беше пријавено дека исчезнало 22-годишно момче. Не може да се потврди дали станува збор за истото лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


