| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за пет навивачи од „Фемили“

Famili Aerodrom 01 (Custom)

СВР Скопје поднесена кривична пријава за Д.Т.(25), М.П.(22), А.Т.(21), К.Ј.(23) и Љ.Н.(20), сите од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело „насилство на спортски натпревар“.

Како што денеска соопшти МВР, на 31.1.2015 година во 20,10 часот пред почетокот на кошаркарскиот натпревар Меѓу МЗТ – Скопје и Партизан – Белград, кој се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански“, непосредно при влегувањето навивачи од навивачката група „Фемили“ почнале да фрлаат со тврди предмети и камења кон навивачката група „Гробари“.

Тие се обиделе да го пробијат поставениот полициски кордон со што повредиле двајца полициски службеници, оштетиле едно полициско возило и искршиле едно прозорско стакло од СЦ „Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top