Ја знаете ли симболиката и историјата што стои зад традицијата на носење бурма и зошто тие во повеќе култури се носат на прстот до малиот на левата рака?
Бурмите денес во светот претставуваат израз на љубов, но никој не може точно да одреди кога настанала оваа традиција.
Некои веруваат дека најстариот помен за размена на прстени во тек на венчавки потекнува од Египет, пред 4.800 години. Шаш, рогозина и трска, кои растеле покрај добро познатиот папирус, биле вртени и плетени во прстени или други парчиња накит, кои жените ги носеле во текот на овие свечености.
Кругот е симбол на вечност, без почеток и крај, не само за Египќаните, туку и за многу други древни култури. Дупката во средина на прстенот исто така имала значење. Не била сметана само за простор туку за капија или врата, која води до настани и нешта, познати и непознати. Да се даде на жена прстен значело вечна и бесмртна љубов.
Материјалот од кои биле правени тие прстени не бил долготраен и наскоро биле заменети со прстени од кожа, коски или слонова коска. Колку бил поскап материјалот, се верувало дека е поголема љубовта кон личноста на која се дава. Вредноста на прстенот исто така демонстрирала богатство на тој што го подарува.
Римјаните со тек на времето ја прифатиле оваа традиција, но со сопствено значење. Место пружање прстен кон жената како симбол на љубов, тие го давале како симбол на сопственост. Римјаните ја потврдувале сопственоста над својата жена со подарување на прстен. Римскиот свршенички прстен подоцна бил правен од железо и бил наречен Anulus Pronubus. Симболизирале сила и трајност. Се верува дека Римјаните се први кои почнале со гравирање на прстените.
Дури во 860 година од нашата ера христијаните почнале да користат прстени во свадбените церемонии; дури и тогаш, прстенот не била едноставна и обична лента, која ние ја познаваме. Обичните прстени биле украсувани со гравирани лебеди, лири или споени раце. Црквата ги осудувала тие прстени како небожни и во 18 век, бурмите и свршеничките прстени биле многу поедноставени, а во таа пригода им бил даден поинаков изглед, кој тогашните бискупи го нарекле симбол на единство на срцата.
Бурмите во текот на различни историски времиња биле носени на различни прсти, вклучувајќи ги и палците на двете раце. Според традицијата за која се верува дека потекнува од Римјаните, бурмите во многу култури се носеле на прстот до малиот на левата рака бидејќи се верувало дека во него постои вена – вена вморис, или вена на љубовта, која директно е поврзана со срцето. Сепак, научниците покажаа дека тоа не е точно. Наспроти тоа, митот и понатаму се смета како основна причина за носење на бурмата на овој прст во одредени средини.
Втората теорија за која се верува дека христијаните ја одредиле левата рака за прстен е помалку веројатна. Раните христијански бракови имале ритуал за носење прстен на средниот прст. Додека свештеникот ги изговарал зборовите: Во име на Отецот, Синот и Светиот дух, тој со прстенот го допирал палецот, показалецот и средниот прст, а потоа со Амин го ставал прстенот на прстот до малиот прст, со што се склучувал бракот.
Попрактична теорија се темели на тоа дека меките метали како традиционалното злато за бурмите, помалку се трошат на прстот на левата рака, пред сè бидејќи луѓето се деснаци. Освен тоа, прстот до малиот на левата рака е најверојатно втор најмалку користен прст на раце на човекот веднаш по малиот прст. Малите прсти, секако се мали бидејќи прстенот би имал мала површина за декорации, што можеби ги мотивирало луѓето прстенот да го преместат на следниот најмалку користен прст, кои има иста големина како и другите прсти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.