| четврток, 6 декември 2018 |

Најозборуваните солзи биле наместени

nata3

Гостувањето на српската пејачка Наташа Беквалац во шоуто „Ами Џ“  е една од најгледаните и медиумски најозборувани епизоди од ова шоу, не само во Србија, туку и кај нас.

Пред точно четири години, водителот Огнен Амиџиќ среде емисија ѝ пушти на својата гостинка емотивна видеокомпилација од неа и нејзиниот сопруг Данило Икодиновиќ. Пејачката во моментот се разведуваше од ватерполистот, со кого имаат една ќерка, па понесена од видеото почна да плаче, а потоа и драматично го напушти студиото.

Според босанскиот актер и водител Драган Маринковиќ-Маца, секоја солза на Беквалац била пресметана и наместена.

Dragan-Marinkovic-Maca-int80-2

Имено, Маца бил вториот гостин во таа епизода на „Ами Џ“ и имал можност да го види сценарито. Во српски „Свет“ открива дека во сценариото до минута било наведено кога таа треба да почне да плаче, а кога револтирано да замине.

Маца оваа местенка ја открил како пример зашто не сака да има ќерка. Како други примери ги навел Сораја и Станија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top