| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за Калиниќ, водителот предизвика тешка сообраќајка

Српската полиција поднесе кривична пријава против водителот и актер Милан Калиниќ поради сомнение дека извршил тежок прекршок во безбедноста на јавниот сообраќај, пренесуваат српсите медиуми.

Калиниќ денеска околу 11.40 часот на патот кон Копаоник предизвикал судир откако со својот џип поради неприлагодена брзина влегол во погрешна лента. Во тешката сообраќајка повредени се двајца патници од соседното возило, поточно две малолетни лица од Унгарија. Тие биле пренесени во болница и иако се на интензивна нега, се надвор од животна опасност.

Во судирот бил полесно повреден и водителот, кој во возилото бил со својата сопруга и нивните две малолетни деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top