| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава против Борис Тадиќ

Сопственикот на српскиот весник „Курир“ Радисв Родиќ соопшти денеска дека поднел кривична пријава против поранешниот претседател на Србија и на Демократската партија Борис тадиќ и уште други 22 лица, бидејќи, како што тврди, сакале да му го одземат весникот со помош на „апсења и уцени“.

Родиќ соопшти дека кривичната пријава ја поднел до Обвинителството за организиран криминал и оти очекува дека надлежните брзо ќе реагираат, пренесува Танјуг.

Тој, нарекувајќи ги лицата против кои поднел пријава „организирана криминална група, злосторничко здружение, терористичка група…“ изјави дека и во изминатите три дена примил многу закани, но не сакал да се откаже.

Родиќ вели дека нему лично не му треба ништо, но дека „народот треба да знае каква власт имал“, а со цел сегашната и секоја идна власт да не биде таква.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top