| четврток, 6 декември 2018 |

Поплави во Грција и Албанија

Поројниот дожд кој врнеше вчера во северозападниот грчки регион Епир ги принуди властите да евакуираат четири села и неколку одалечени фарми, близу градот Арта, пренесува БТА.

Досега најмалку четири реки се излеаа од коритата, од кои три се блиску до Арта, а четвртата во реон близу границата на Грција со Албанија. Во близина на градот Арта урнат е познатиот камент мост од 18. век Плака.
Сега мостот е целосно урнат.
– Најмногу проблеми има во регионот на Арта. Но поплави има во цел Епир, има проблеми од силниот ветар и уште поплавени подрачја во други делови на Грција, соопшти претставник на противпожарните служби.

Премиерот Алексис Ципрас го посети командниот центар за вонредни ситуации на пожарната служба во Атина, од каде ги повика експертите од министерствата за инфраструктура и култура да отидат во поплавениот регион и да ги проверат патиштата и спомениците кои се под закана на поплавата. Тој потенцираше дека е многу тажен поради уривањето на мостот Плака.

Во јужна Албанија, пороен дожд и снег го зголеми нивото на реките, кои поплавија илјадници хектари земја, стотици домови и многу патишта.

Полицијата и армиските единици евакуираа многу погодени семејства и нивниот добиток во Влора, Фиер, Гирокастро и берат, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Многу области во Албанија се без струја и вода. Полицијата ги повика граѓаните да ги одложат плановите за патување, бидејќи во следните денови се очекуваат поинтензивни дождови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top