| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески ја следи состојбата со поплавените подрачја во Охрид

Градоначалникот на лице место ги констатираше последиците од поплавените предели во населбата Даљан на улица „Сатеска“, на пресекот на улиците „Дејан Војвода“ и „Стив Наумов“ и на улицата „Аџи Мустафа“ во населбата Воска

bakraceski

Никола Бакрачески, градоначалникот на општина Охрид, е на терен со цел да утврди со какви последици се соочуваат неговите сограѓани и мештаните од приградските населби по дводневното невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег, што го зафатија охридскиот регион.

Градоначалникот на лице место ги констатираше последиците од поплавените предели во населбата Даљан на улица „Сатеска“, на пресекот на улиците „Дејан Војвода“ и „Стив Наумов“ и на улицата „Аџи Мустафа“ во населбата Воска.

poplavi ohrid

По извршениот увид, по налог на градоначалникот Бакрачески, стручните екипи од општина Охрид, добија задолжение дополнително да обезбедат пумпи со цел полесно да се излева навлезената вода од домовите.

Бакрачески вети и исплата на оштета од предизвиканата штета на загрозените семејства, за чија цел уште утре, 2-ри февруари, ќе биде формирана и посебна комисија при општината.

Инаку, во текот на ноќта екипи на ЈП „Охридски комуналец“ со целокупната механизација и работен потенцијал, активно работеа на чистење на снегот од улиците и тротоарите низ Охрид, додека екипи на ЈП „Водовод“ и ЈП „Нискоградба“ со својата механизација вршеа чистење на каналите и реките низ општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top