Засега не може да се даде дециден и прецизен одговор на прашањето што се случува во акционерската структура на „Фершпед“ и кои се причините за овие актуелни прегрупирања кај акционерите, пишува „Фактор“. Но, фактографијата докажува дека Николов кој инаку е роднина на Накови ја окрупнува својата акционерска позиција во компанијата која многу години беше под контрола на неговиот стрико Штерјо Наков. Штипскиот бизнисмен Мите Николов, сопственик на „Брилијант“ е трет по големина сопственик на акции во „Фершпед“. „АВТ Консалтинг“ – фирма ќерка на „Брилијант“ докупи 396 акции со право на глас во „Фершпед“.
„АВТ Консалтинг“ сега поседува 9,41 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“ и е трет по големина акционер во „Фершпед“ веднаш до браќата Накови. Николов преку неговата фирма „АВТ Консалтинг“ за период пократок од еден месец докупи 5,6 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“ и своето учество во акционерската структура на најголемата шпедитерска компанија го зголеми од 4,8 отсто на 9,6 отсто.
Според официјалните податоци од Централниот најголеми акционери во „Фершпед“ се браќата Драган и Сашо Накови кои акциите ги наследија од нивниот татко – основач и долгогодишен директор на „Фершпед“ – Штерјо Наков. Првиот поседува 11,8 отсто од управувачките права, а вториот 11,04 отсто од акциите. „АВТ Консалтинг“ поседува 9,41 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“. На листата акционери се словенечкиот инвестициски фонд „Алпен“ со 5,87 отсто од акциите, скопската кондиторска индустрија „Европа“ со 5,61 отсто и Драгослав Димевски, поранешен директор во „Фершпед“ кој поседува 5 отсто од акциите во компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот