Атланта хоукс прави чуда во НБА лигата и ја забележа деветнаесеттата победа во серија, ноќеска против Филаделфија, а „јастребите“ славеа и без помошта на Перо Антиќ. Македонскиот кошаркар не настапи, што не ги спречи домаќините да се радуваат на триумф од 91-85.
Вкупно за Атланта тоа е 40-та победа сезонава со само 8 порази, ниту еден од нив во 2015 година. Хоукс се водечка екипа во НБА лигата пред Голден стејт, кој има ист број порази, но и 3 победи помалку.
Резултати: Индијана – Сакраменто 94-99, Орландо – Далас 93-108, Вашингтон – Торонто 116-120, Атланта – Филаделфија 91-85, Детроит – Хјустон 114-101, Мемфис – Оклахома 85-74, Минесота – Кливленд 90-106, Милвоки – Портланд 95-88, Денвер – Шарлот 96-104, Сан Антонио – ЛА Клиперс 85-105, Голден стејт – Феникс 106-87.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.