| четврток, 6 декември 2018 |

Дисциплински мерки за 34 вработени во МВР

По спроведена дисциплинска постапка во текот на минатата недела  донесени се 34 решенија против 34 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. Како што денеска соопшти МВР, на 26 вработени изречена им е мерка „писмено предупредување”,  на еден вработен „отказ“, на двајца вработени мерка „откажување на договорот за вработување” и на пет вработени мерка „запирање на постапката“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top