| четврток, 6 декември 2018 |

Украинскиот командант Андреј Билецки тврди: Украина е на чекор од капитулација!

Командантот на украинскиот пук „Азов“, Андерј Билецки за украинските медиуми изјави дека смета оти Украина е на чекор од капитулација.

-Се води кон целосен колапс на Украина. Нашата земја потоа ќе потпише капитулација во оваа или во онаа форма, рекол Билецки.

Тој потврдил дека војната ќе заврши со признавање на независноста на самопрогласената република ДНР и ЛНР.

-На чекор сме до капитулација, вели Билецки и истакнува дека Украинците се жртви на лажните ветувања на западот и затоа се деморализирани.

-Од една страна имаме воени успеси на сепаратистите, а од друга страна лажни ветувања за помош од Запад, вели Билецки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top