| четврток, 6 декември 2018 |

Вал Килмер „Немам рак на грло“

Откако во понеделникот беше објавено дека холливудскиот актер завршил в болница поради операција на тумор на грлото, Вал Килмер самиот преку Фб ги демантираше озборувањата

23rd Annual Simply Shakespeare - Los Angeles

-Ви благодарам за вашата поддршка. Немав тумор илиоперација на тумор или каков било вид на операција. Доживеав некои компликации и најдобро беше да бидам под будно око на лекарите на интензивна нега во болница. Пријателите кои ги знаат моите духовни верувања покажаа голема грижа и милост во нивните напори оваа приказна да остане без многу зборување и лажни информации. Јас се молам за брзо „враќање во акција“. Господ да ве благослови и ве молам немојте да се грижите. Со љубов, Вал- напиша актерот на неговиот Фејсбук профил. Статус на Вал Килмер (55) го негираше пишувањата за тоа како во понеделникот бил пренесен во болница поради операција на тумор на грлото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top