| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски и Јанкулоска ги информирале амбасадорите за „Пуч“, за ЕУ обвинувањата се „многу сериозни“

policija

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги информирале амбасадорите на земјите членки на ЕУ и други амбасадори за акцијата „Пуч“. Попладнево сите детали околу акцијата на МВР, во која меѓу четворицата осомничени е и лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев, биле презентирани пред амбасадорите.

Како што наведе јавното обвинителство, Заев соработувал со странски разузнувачки служби.

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската унија испрати соопштение по поднесените кривични пријави за шпионажа и обид за уривање на уставниот порадок во земјата и бара почитување на правата на обвинетите.

Според МИА од Брисел, Маја Коцијанчич, портпарол на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, посочила дека Брисел е информиран од македонското МНР за детали во врска со обвиненијата, за кои вели дека се „многу сериозни“ потсетувајќи притоа на неотуѓивото право за независна и транспарентна истрага, с0 целосно почитување на правата на обвинетите, вклучувајќи го и принципот на презумпција на невиност.

-Политичките партии треба да се воздржуваат од дејствија што уште повеќе ќе ја поткопа ситуација, стои во соопштението на дипломатската служба на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top