| четврток, 6 декември 2018 |

Баба три недели била заглавена во стан во Кисела Вода

Старицата која пред неколку недели го предизвика пожарот во зградата, оттогаш била заробена во својот стан, а во зградата со број 1 на улицата Петар Дељан во скопска Кисела Вода во моментов се одвива вистинска драма.

Жената и покрај тоа што е со здравствени проблеми успеала да преживее три недели без храна, ниту пак излегла од зградата.

Старицата не можела да излезе цели три недели од дома бидејќи од млазот вода со која пожарникарите го гаселе пожарот се подигнал паркетот при што таа не можела да отвори.

 Три недели удирала по ѕидовите и очајно молела за помош но никој не ја слушнал се до денес, кога еден од станарите на зградата слушнал како старицата моли за помош и веднаш повикал полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top