| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на нафтата го менува ликот на геополитиката

nafta3

Во документарен филм кој неодамна беше емитуван во популарната програма „Петтата држава“ на Канадскиот државен сервис, беше применета алегорија со Владимир Путин. Лукавиот руски претседател беше опишан како расте во сиромашен стан во Санк Петерсбург, каде често терал глувци во агол. Сега, казнет со ниски цени на нафтата и со западните санкции заради руските навлегувања на Крим и во Украина, самиот Путин е глушец втеран во агол. Многумина се чудат и прашуваат што тој ќе стори ако условите за живот во Русија уште станат уште понеподносливи.

Во последниве шест месеци, цените на нафтата паднаа повеќе од 50 проценти, а руската економија е болна. Земјата сега се соочува со забавен економски раст, обезвреднета рубља и галопирачка инфлација која за 150 пати ги зголеми цените на храната. Кремљ размислува за мерки бза штедење како помош за балансирање на буџетот, каде приходите се за 45 милијади долари помали отколку претходните проекции. Значаен исклучок е одбраната. Додека војската е исклучена од мерките за штедење, се отвора прашањето дали Путин ќе „игра на националистичка карта“, како што го стори тоа на Крим, во обид да ја зајакне големата Русија за време на периодот на економска слабост.

Грузија му е на ум

Веќе сме го виделе ова. Во вторникот oilprice.com објави дека Путин е подготвен да ја апсорбира Јужна Осетија – отцепената република во Грузија која објави независност во 1990 година. Под договорот „Намера за легална интеграција на Јужна Осетија со Русија“, Русија ќе инвестира 2,8 милијарди рубљи (или 50 милиони долари) за да го „финансира социо-економскиот развој на Јужна Осетија“, објавува agenda.ge, информативна веб страна од Тбилиси. Ситуацијата е аналогија со Крим, затоа што како и Крим, и Јужна Осетија има големо рускоговорно население со силни врски со татковината.

Ако Путин успее да ја анектира оваа мала провинција, тоа ќе биде директен удар во очите на САД, како што го предизвика Русија на почетокот на 90-ите со промоција на изградбата на нафтоводот помеѓу поранешните советски републики Азербејџан и Грузија. Нафтоводот БТЦ пренесува нафта од Баку во Азербејџан до Тбилиси во Грузија, и потоа до Цејхан на турскиот брег на Медитеранот. БТЦ почна да функционира во 2006 година. Две години подоцна Путин изгради свој нафтовод за да ја отсече Грузија. Нафтоводот Јужна Осетија со кој управува Гаспром, се протега 75 километри од Јужна Осетија кон Русија.

Сегашниот потег со Јужна Осетија е обид на Русија да ја истакне својата енергетска независност соочен со западните санкции и ниските цени на нафтата. Ова се случува додека Русија го најави планот да ја пренасочи сета своја испорака на гас низ Украина преку Турција. Како што објави Блумберг минатата недела, Гаспром ќе испорачува 63 милијарди кубни метри гас преку предложената врска под Црното Море до Турција – откако претходниот 45 милијарди долари вреден проект Јужен поток кој требаше да минува низ Бугарија, беше откажан од Русија заради противењето на Европската унија. Со испораката на гас кон Турција и потоа кон Европа преку Грција, Гаспром всушност на Европа и поставува ултиматум. Изградете гасовод до европските пазари, или ќе им го продаваме гасот на други купувачи.

Намерата за зграбувањето на територијата на Јужна Осетија заедно со условувањето за Европа со пренасочување на гасот кон Турција и заобиколување на Украина, е класична игра на моќ на Путин. „Русија се подготвува да апсорбира провинција во соседна Грузија, и да и постави на Европа ултиматум дека ќе загуби голем дел од рускиот гас од кој таа зависи“, напиша Стив Левајн воКварц. „Путин смета дека западот едноставно сака него да го смени и да ја ослаби Русија… Соочен со овие обиди да го отсечат него и неговата земја, Путин вели дека нема друг избор туку да ги откачи вагоните и да тргне по друг колосек. Ова може долго да трае“.

Иран: падот на цените на нафтата ја поттикнува шансата за мир

Некои шпекулираат дека крахот на цените на нафтата бил потег оркестриран од Саудијците, можеби заедно со САД и другите земји од заливот, за да се притисне Иран –  нивниот главен политички и религиозен ривал на Блискиот исток. Без разлика дали е ова точно или не, никој не негира дека ефектите од ниската цена на нафтата ќе удрат врз економијата на Иран. „Иран веќе губи десетици милијарди долари од приходи од нафта заради западните санкции и заради годините погрешна економија која ја водеше поранепниот претседател Махмуд Ахмадинеџад“, објави Блумберг на 7 јануари. Како и Русија, и Иран бара начин на кратење на трошоците во буџетот за следната година, кој е заснован на преоптимистичката цена од 72 долари за барел сурова нафта.

Но за разлика од Русија, која во моментов „ги пренасочува вагоните“ и се одалечува од западот, падот на цената на нафтата може да доведе до детант (помирување) помеѓу Иран и западните земји. Во говор од 4 јануари о.г. иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека економијата на Иран „не може да се развива во изолација од остатокот од светот“, додека истовремено иранскиот министер за надворешни работи преговара за нуклеарен договор кој може да доведе до укинување на санкците на ОН, забележуваВашингтон пост.

Потоа тука е соработката на западот и Иран против терористичката организација Исис. Џ.Л Гранатстејн во колумна во Нешенел пост во вторникот напиша дека Иран распоредил голем дел од елитната Ал Куидс бригада од Револуционерната гарда во Ирак и Сирија, за да се борат против Исис заедно со западните ,сојузници меѓу кои се САД, Британија, Франција и Канада. Ова се случува и покрај иранската поддршка за Хезболах во Либан и за сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Политиката создава навистина чудни сојузништва, но ниту едно не може да биде почудно од ова. Предводени од Американците, а тоа за иранските лидери значи од Големата сатана, врските помеѓу западот и Иран стануваат се посилни и секоја страна реагира на хорорите кои ги создава исламистичкиот фундаментализам низ регионот“, напиша Гранатстејн. „Иранците беа погодени од санкциите и уште попогодени се од опаднатата цена на нафтата. Олеснувањето на каналите за трговија и на иранските банки може да ги ублажи ефектите од колапсот на цените на нафтата“.

Венецуела се подготвува за најлошото

Друг голем загубар од колапсот на цените на нафтата е Венецуела, која може нема да има позитивен исход. Растурена од со децении погрешно водената економија од страна на Хуго Чавез, јужноамериканскиот производител на нафта веќе се мачи да ги исплати долговите кога претседателот Николас Мадуро дојде на власт во 2013 година.

Сега кога инфлацијата достигна и 60 проценти и се зголемуваат редиците пред продавниците за храна и за други основи намирници, Мадуро се соочува со палета на социјални немири ако условите за живот не се подобрат. Земјата има една од најниските цени на бензините, но Мадуро одби да стави крај на субвенциите на горивото, плашејќи се од масовни немири како во 1989, кога загинаа стотици луѓе откако беше дозволено покачување на цената на бензините.

Венецуела е уште позависна од Русија од цената на нафтата, и заработува околу 96 проценти од странските валути од продажбата на нафта, со што Мадуро се наоѓа во незгодна позиција дали уште да позајмува и покрај веќе огромните долгови, или да крати на трошоците. Според Вашингтон пост, „со само 20 милијарди долари останати во резерви и 50 милијарди долг само кон Кина, Венецуела по се изгледа ита кон изборот дали да сопре со раздавањето на нафтата и банкрот заради долговите, или да го изгладни своето население до точка на револт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top