| четврток, 6 декември 2018 |

Ни­на Ја­не­ва: Се­бич­но­ста на лу­ѓе­то на­пра­ви да бидам без влак­на на ја­зи­кот

Злат­но гр­ло и ја­зик што не тр­пи на­вре­ди. По па­у­за­та по­све­те­на на пра­во­то и на по­ли­ти­ка­та, Ни­на Ја­не­ва, ко­неч­но, има вре­ме за по­втор­но да се по­све­ти на сво­ја­та ви­стин­ска љу­бов - му­зи­ка­та. Неј­зи­ни­от мо­ќен глас ре­тко ко­го оста­ва рам­но­ду­шен, а за тоа се до­каз сол­зи­те и емо­ци­и­те на пуб­ли­ка­та.

Ова­ции, вра­ќа­ње на сце­на­та по­ра­ди глас­ни­от ап­ла­уз на пуб­ли­ка­та ко­ја со на­сол­зе­ни очи го сле­де­ше Ва­ши­от на­стап за вре­ме на Ва­си­ли­чар­ски­от кон­церт. Ка­кво бе­ше во тој мо­мент да си во ко­жа­та на Ни­на Ја­не­ва?

Ја­не­ва: Во тој мо­мент бев нај­среќ­на­та де­вој­ка на пла­не­та­ва. Ап­ла­у­зот за вре­ме на це­ла­та пес­на, ова­ци­и­те, два­та би­са во две­те ве­че­ри, се­то тоа е со­нот на се­кој из­ве­ду­вач кој се за­ни­ма­ва со тоа што најм­но­гу го са­ка, а тоа е нај­го­ле­ма­та на­гра­да што впро­чем мо­же да ја до­бие еден из­ве­ду­вач.

Не­сом­не­но, Ва­ши­от глас е еден од нај­ква­ли­тет­ни­те гла­со­ви што ги има­ме. Но, емо­ци­и­те што ги вне­су­ва­те при из­вед­ба­та на пес­ни­те и Ва­ша­та енер­ги­ја е она што Ве пра­ви по­и­на­кви. Од ка­де тие емо­ции? Се со­жи­ву­ва­те со пес­ни­те кои ги из­ве­ду­ва­те, ба­ра­те сво­ја при­каз­на во тек­сто­ви­те?!

Ја­не­ва: Во се­ко­ја пес­на што сум ја ис­пе­а­ла до­се­га, би­ло автор­ска, би­ло из­вед­ба на прет­ход­но сни­ме­на пес­на на на­ста­пи, се тру­дам да нај­дам при­каз­на ко­ја до­пол­ни­тел­но ќе ме мо­ти­ви­ра да ја до­не­сам пес­на­та ток­му ка­ко што тре­ба. Оваа пес­на збо­ру­ва за комп­лет­но пре­да­де­на љу­бов на ед­на же­на кон еден маж. Во мо­мен­тов сум во та­ква вр­ска и це­лос­но се отс­ли­каа мо­и­те емо­ции кон мо­јот парт­нер во тек­стот. Вит­ни Хју­стон бе­ше из­ве­ду­вач што не­ма да се ро­ди по­втор­но, со иск­лу­чи­тел­но ка­ра­кте­ри­стич­на бо­ја на глас и единс­тве­на тех­ни­ка ко­ја не сум чу­ла до­се­га ни­кој да ја из­ве­де та­ка уни­кат­но. Со неа по­рас­нав и штом ме по­ка­ни­ја да би­дам дел од Ва­си­ли­чар­ски­от кон­церт ток­му со таа пес­на, зна­ев де­ка ќе би­де полн по­го­док.

Зо­што  Ни­на е тол­ку мал­ку актив­на на сце­на? Се по­ја­ви­вте ка­ко дел од му­зич­ка­та гру­па, „Фор плеј“ отка­ко по­бе­ди­вте на М2, бе­вте акту­ел­ни, има­вте не­кол­ку пес­ни. Што се слу­чи по­тоа?

Ја­не­ва: Про­дук­ци­ја­та М2 бе­ше мо­ја­та пр­ва ма­тич­на про­дук­ци­ска ку­ќа, во ко­ја од де­ца-ама­те­ри нѐ по­рас­наа и нѐ до­ве­доа до ни­во на про­фе­си­о­нал­ни из­ве­ду­ва­чи. Она што М2 го на­пра­ви за нас то­гаш е ве­ро­јат­но исто со уни­вер­зи­тет­ска дип­ло­ма во од­нос на шоу-биз­ни­сот, од­не­су­ва­ње­то и функ­ци­о­ни­ра­ње­то во не­го во рам­ки­те на Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко член на „Фор плеј“ имав мож­ност да би­дам дел од соз­да­ва­ње­то на еден цел про­ект, на­ши­от ал­бум „Пред пол­ноќ“, што за ме­не, на мои то­гаш 17 го­ди­ни, бе­ше, пред сѐ, дис­цип­лин­ски по­уч­на лек­ци­ја. По­тоа жи­во­тот ме од­не­се во еден друг пра­вец, ка­де што се за­ин­те­ре­си­рав за пра­во­то и за по­ли­ти­ка­та. Со тоа се за­ни­ма­вав по­ве­ќе го­ди­ни сѐ до­де­ка не ја по­стиг­нав цел­та ко­ја ка­ко огром­на чест ја иско­ри­стив да на­у­чам уште мно­гу лек­ции во жи­во­тот и да ра­бо­там за др­жа­ва­та и за пре­тсе­да­те­лот на Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. От­ту­ка, сле­деј­ќи ги ср­це­то и ду­ша­та и пра­веј­ќи че­ко­ри што мис­лам де­ка се пра­вед­ни, го про­ме­нив ра­бот­но­то ме­сто и одед­наш пред ме­не се отво­ри мно­гу по­ве­ќе сло­бод­но вре­ме да го пра­вам тоа што најм­но­гу го са­кам – а тоа е му­зи­ка­та. От­то­гаш, до де­нес сѐ уште сум при­сут­на и не одам ни­ка­де.

Местењето на победниците на фестивали не е новина. Тоа беше одамна познато, време беше да стане и официјално. Дали тоа влијаеше на вашето повлекување од естрадата?

Ја­не­ваНе, ние воопшто како продукциска куќа во тој момент кога се повлеков од музиката и немавме политика на учество по фестивали освен на меѓународни. Што се однесува на местењето, на неколку наврати кажав дека ни е навистина доста на сите, дека тие постапки само носат регрес и демотивација во музичкото квалитативно творење. Фестивалите, заедно со субвенциите за нови македонски песни се недоволно заштитени и недоволно обмислени проекти кои беа некако набрзина лансирани и комплетно медиумски покриени и кои на секој изведувач му дадоа надежи значење, дека нешто се менува. За жал онаа, слободно можам да ја наречам багра од неколку луѓе кои со години конкурсите, фестивалите и други настани ги договараат по телефон, ја превзеде музиката под сопственото стапало и буквално ја уништи. Вие и други медиуми, заедно со публиката која ме следи на настапите и еве на Василичарскиот Концерт како последен голем настан велите дека сум еден од најквалитетните вокали во земјава.. Овој квалитетен вокал до сега два пати е одбиен за субвенции во заедничка соработка со Тамара Тодевска и Роберт Билбилов, песна направена од во моментов најголемите хитмејкери на нашата сцена. Зар треба да продолжам?

Дали сметате дека на македонската сцена подобро поминуваат голи нозе и отворено деколте отколку квалитетен глас и добра песна?

Ја­не­ваПоголема медиумска покриеност во последно време се повеќе им се отстапува на голите нозе, деколтеата, скандалите, облеката, чаршиските муабети, па дури и провокативни приватни слики и видеа. Тоа е очигледно на балканот сеуште ИН, но мене малку ми се лоши од такви вести. Навистина не се важни… ама навистина! Но, медиумите, уредниците и новинарите се тие кои ја кројат политиката на својот ТВ, пишан или електронски медиум, па она што тие ќе и го сервираат на јавноста, тоа јавноста и ќе го чита, што значи дека јавното мислење се генерира малку подолго и на пасивно агресивен начин.

А каде можеме да уживаме во вашите интерпретации како на вашите песни, така и на многу големи хитови?

Ја­не­ваСо мојот бенд имаме редовни настапи секој петок во Пивница Стар Град во Старата Скопска Чаршија, каде веќе се чувствуваме како дома, втора година по ред, имаме успешна соработка со целиот тим и веќе имаме и своја публика која ако не секој, барем секој втор петок доаѓа и не посетува. Имаме настапи и низ други градови и приватни забави, но сето тоа тековно се договара. Редовно на мојот ФБ профил објавувам каде сме и од колку часот, па неколкуте илјади пријатели го следат тоа. Секако уживаме во она што го правиме и од себе го даваме максимумот на секој настап, па заради поинаквиот репертоар и сме карактеристични.

Nina Janeva - Pejacka (3) (Custom)

Ва­жи­те за ед­на од оние што не­ма­ат влак­на на ја­зик. Без пар­дон ка­жу­ва­те што мис­ли­те. Кол­ку Ва­ши­те при­ја­те­ли од естра­да­та зна­ат и мо­жат да ја при­фа­тат Ва­ша­та ди­рект­ност и искре­ност?

Ја­не­ва: Со не­кол­ку од нив актив­но се дру­жам и ко­му­ни­ци­рам. Во прин­цип, долг пер­и­од од мо­јот жи­вот бев по­да­ник на мол­че­ње­то и се пот­пи­рав на мис­ле­ње­то на дру­ги­те, вни­ма­вав не­кој да не се на­вре­ди, сѐ до­де­ка еден ден не сфа­тив де­ка тоа ми се реф­ле­кти­ра лич­но ме­не, и на ду­хот и на енер­ги­ја­та што ја но­сам во се­бе, и ре­шив да се про­ме­нам комп­лет­но. Се­то тоа што сум го пра­ве­ла да не го пра­вам ве­ќе, и обрат­но. От­то­гаш мо­же­би имам по­мал­ку при­ја­те­ли, но што ќе ми е при­ја­тел ако не мо­же да се со­о­чи со ви­сти­на­та? Не са­кам лу­ѓе што бе­га­ат од тоа што го ка­жа­ле или на­пра­ви­ле. Це­нам искре­ност, це­нам кри­ти­ка, па ду­ри и да е нај­ло­ша, сѐ до­де­ка има ос­но­ва го це­нам тоа. Та­ка ка­ко што јас ги ка­жу­вам не­шта­та, та­ка са­кам и ме­не да ми ги ка­жу­ва­ат. И отка­ко ја про­ме­нив оваа су­штин­ска ка­ра­кте­ри­сти­ка, мно­гу сум по­среќ­на.

Но, ва­жи­те и за ед­на од оние што зна­ат да при­фа­тат ше­га на сво­ја сме­тка (Еми­си­ја­та на То­ни Ми­хај­лов­ски). Да­ли Ви пре­чеа ко­мен­та­ри­те од ти­пот де­ка То­ни ве за­ко­пал или Ве трес­нал од зем­ја?

Ја­не­ва: Мал­ку­ми­на зна­ат де­ка со То­ни сме при­ја­те­ли и во од­лич­ни од­но­си сме ве­ќе ре­чи­си 12 го­ди­ни. Ко­га ја до­бив по­ка­на­та за учес­тво во „Опу­ште­но“, со за­до­волс­тво ја при­фа­тив и бев комп­лет­но свес­на де­ка ќе има ше­ги на се­чи­ја сме­тка. Она што мно­гу­ми­на не го зна­ат е ка­ко бев нај­а­ве­на на по­че­то­кот на еми­си­ја­та би­деј­ќи го има­ат гле­да­но са­мо кра­тко­то ви­део (кое па­тем е фе­но­ме­нал­но) и не го зна­ат те­кот на це­ла­та еми­си­ја. Ви­де­о­то и ве­ста се ра­ши­ри­ја ви­рал­но, и тоа од стра­на на но­ви­на­ри кои са­ми ја на­пра­ви­ја сто­ри­ја­та без мо­ја из­ја­ва. Јас во мо­мен­тот ко­га ја гле­дав еми­си­ја­та, по втор пат се сме­ев исто ка­ко и на са­мо­то сни­ма­ње за­тоа што ше­га­та е ге­ни­јал­на. Дру­ги си на­пра­ви­ја при­каз­на, дру­ги си нај­доа пред­мет за ис­ме­ју­ва­ње, дру­ги мис­леа де­ка То­ни ме за­ко­пал или трес­нал од зем­ја. До ден-де­не­шен сме во кон­такт, тој е тек­сто­пи­сец на мо­ја­та пос­лед­на пес­на „Блуз за…“, ко­ја ја из­ве­дов на „Скоп­ски фе­сти­вал“. Ко­мен­та­ри­те што беа пи­шу­ва­ни со чи­ста омра­за ни­ко­гаш не до­преа до ме­не, но на оние што беа пи­шу­ва­ни кре­а­тив­но и ин­те­ли­гент­но, на­ви­сти­на и са­ма се сме­ев.

Што Ве на­те­ра да сфа­ти­те де­ка Вие тре­ба да сте си на пр­во ме­сто? 

Ја­не­ва:  Се­бич­но­ста на лу­ѓе­то. Да­вав сѐ од се­бе за да ви­дам нас­ме­вка и сре­ќа на ли­це­то на оние лу­ѓе кои сме­тав де­ка ми мис­лат до­бро, пра­вев ус­лу­ги на се­кој што ќе го по­ба­ра­ше тоа од ме­не. Во мо­мен­тот ко­га дој­де вре­ме не­кој да за­ста­не зад ме­не, се свр­тев на­зад и ви­дов де­ка… та­му не­ма ни­кој. По таа ра­на, на­у­чив да мис­лам пр­во на се­бе, па на си­те дру­ги, сѐ до­де­ка не ста­нам мај­ка и со­пру­га.

Nina Janeva - Pejacka (2) (Custom)

Приказната со тетоважата – што е фениксот во вашиот живот?

Ја­не­ва:  Фенискот е опис на мојот живот. Се состои од неколку приказни кои сакав да ги вклопам во една, па заедно со тату мајсторот Ацо ја составивме приказната. Во неа стојат многу важни постулати кои ги негувам, а основната е дека сечиј живот е составен од падови и успони и дека самите треба да се кренеме од својата пепел.

Кога би имале временска машина би се вратиле во минатото или би отишле во иднината? Зошто?

Ја­не­ва: Би се вратила во минатото, во времето кога имало помалку гладни, злоба, мизерување, интернет, кредити, незадоволство. Во принцип она што најмногу ме вади од колосек е човековата злоба и апатија.

Гле­дај­ќи низ она што сте го по­ми­на­ле во жи­во­тот до­се­га, ка­ков би бил нас­ло­вот на Ва­ша­та би­о­гра­фи­ја?

 Ја­не­ва: Те­шко пра­ша­ње… Ај­де да ре­чам Отво­рен круг за­ра­ди ве­ру­ва­ње­то де­ка се­кој си е кро­јач на сопс­тве­на­та суд­би­на и се­кој е гос­по­дар на сво­и­те од­лу­ки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top