| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот министер за надворешни на Грција со екстремни ставови за името

Greece's new governmentНикос Коѕиас во улога на професор и писател често бил гостин по грчките телевизии, а одредени ставови кои ги имал тогаш, сега ги пренесе идентично, при преземањето на функцијата министер за надворешни работи на Грција. Како што е на пример, размислувањето дека Грција треба да се сврти кон земјите како што се Русија, Кина, Индија и сл. Во однос на позициите за името пак, како шеф на дипломатијата не зазел став, но неговите идеи од минатото изненадуваат и не потсетуваат на ставови од министер кој доаѓа од радикално левичарска партија, јавува дописничката на Канал 5 до Атина.

„Требаше да го направиме она што го кажав во Министерството за надворешни работи во 1992. Требаше да направиме договор со албанскиот фактор, кое име тие го сакаат, и кое ќе го искажува фактот дека и албанскиот елемент е дел од државата на ФИРОМ. “ – рече Коѕиас во 2010та говорејќи за националната телевизија ЕРТ. „Во периодот на 90те кога бев и работев во министерството за надворешни работи, упорно инсистирав дека со ФИРОМ, не требаше да го направиме проблемот со името, проблем меѓу нив и нас, туку да го направиме нивни внатрешен проблем. Требаше да ја имаме најдено албанската компонента, да имавме побарано од албанската компонента нивен предлог за името и да се покажевме, односно навистина да бевме поддржувачи на албанскиот предлог.“ – рече Коѕиас,пред 5 години, тогаш во улога на професор, во емисија на првиот канал на тогашната национална телевизија. Идентичен е ставот во однос на нашата земја на актуелниот министер за надворешни, пренесен во неговата книга „Надворешната политика на Грција во 21от век“ издадена во 2010та. Истата година, Коѕиас ја коментира и сиуацијата во регионот. „Ако Србија не го отповика признавањето на ФИРОМ и не ги зголеми можностите за инвестиции и проекти на грчките компании, како што направи за турските, тогаш Грција треба да оди на признавање на Косово. Исто така, да обезбедиме од Албанија, за возврат на признавањето, ратификација на договорот за морската граница во јонското море. Но, и да ги поддржи позициите на албанскиот фактор во ФИРОМ. “ – пишува Коѕиас на неговиот личен блог во август 2010та. „Грција, ќе требаше да ја укине Времената спогодба, која ја соседната земја, многупати и безобѕирно ја прекршува. Освен тоа, не треба и не смее да се дозволи земјата да биде кандидат за членство во ЕУ се додека не го промени односот кон Грција.“ – пишува Коѕиас во колумната за политичкиот неделник Епикера, во декември 2012та. Веднаш по поставувањето на позицијата шеф на грчката дипломатија, електронските изданија на медиумите во Грција но и Фајненшал тајмс објавија фотографија од април 2013та на која Коѕиас сликан е со рускиот ултранационалист, професорот Александр Дугин, по што следеше експресна реакција од грчкото МНР. Демантираат дека екстремниот десничар (кој воедно има пријателски врски со златнозорците) бил поканет да учествува на церемонија на универзитетот Пиреа, каде што е професор Коѕиас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top