| четврток, 6 декември 2018 |

Едукативна работилница на ФЗОМ со пензионерите во Штип

ФЗО 3

Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска одржа едукативна работилница со пензионерите во Штип.

Целта на работилницата, како што соопшти ФЗОМ, е да ги едуцира пензионерите за нивните права од областа на лековите и ортопедските помагала и можност да дадат свои предлози и идеи за поефикасно работење.

За едукација на пензионерите за прашања од областа на лековите презентација имаше Кристина Тосевска, од сектор фармација во ФЗОМ, а за остварување право на ортопедско помагало Ана Филиповски, од секторот контрола во ФЗОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top