Перо Антиќ и јастребите од Атланта од врвот ја гледаат НБА лигата по новата 18-та победа по ред во најсилното кошаркарско натпреварување на планетата. Со 105-99 Хоукс триумфираа против Портланд и се најдобра екипа во НБА со биланс од 39 победи и 8 порази.
Кон патот до врвот помошта стаса и од Јута џез, екипа што победи против Голден стејт ноќеска и и овозможи на Атланта да има подобар биланс.
Антиќ играше нешто повеќе од 12 минути против Портланд и постигна 7 поени, комбинирани со 3 скока. Хоукс ја има убедливо најдолгата серија победи сезонава во НБА лигата.
Резултати: Атланта – Портланд 105-99, Филаделфија – Минесота 103-94, Бостон – Хјустон 87-93, Бруклин – Торонто 122-127, Кливленд – Сакраменто 101-90, Мајами – Далас 72-93, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 108-103, Јута – Голден стејт 110-100, Феникс – Чикаго 99-93
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



