
Утрово се слушила тешка сообраќајна несреќа во која 41- годишниот Александар Ц. од Скопје со автомобил „Опел“ излетал од пат и починал на лице место.
Трагедијата се случила утрово околу 2 часот наутро во нива покрај локалниот пат село Стајковци – село Црешево.
Опелот со скопски регистарски ознаки управувано од Александар излетало од патот и се превртело. Од здобиените тешки телесни повреди со кои се здобил Александар истиот починал на местото на настанот, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


