| четврток, 6 декември 2018 |

Дожд и утре

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег, а на повисоките места во западните делови од дожд и снег. Се очекува особено обилни врнежи да има во јужните и западните делови на земјава каде ќе наврнат над 40 литри на метар квадратен воден талог. Повремено ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 14 степени.

Во Скопје утре изутрина ќе има сончеви периоди, а во текот на денот облачноста ќе се зголемува и во попладневните часови ќе има врнежи од дожд кои се очекува во скопското подрачје да бидат обилни. Повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, но со послаб интензитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top