| четврток, 6 декември 2018 |

Нивото на Охридското Езеро 7 сантиметри над максималната кота

Ohrid

Обилните врнежи од дожд изминатите два дена придонесоа нивото на Охридсото Езеро да се зголеми за дополнителни три сантиметри и сега се наоѓа на надморска висина од 693, 82 м., што е 7 сантиметри над максимално утврдената кота.

Од ЕЛЕМ, вчера информираа, дека нивото на Охридското Езеро е во безбедносни граници и дека е воспоставен соодветен режим на испуштање на водата во Црн Дрим, како и од акумулациите на реката. Оттаму појаснуваат дека нивото расте поради обилните врнежи од дожд и топењето на снегот и дека состојбата не треба да се поврзува со работата на хидроелектраните на Црн Дрим.

Според најавите, во сабота ќе преовладува променливо блачно време, претпладне со локално провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено претпладне. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне со 2 степени Целзиусови. Веќе од недела температурите ќе бидат во пораст, а средината од идната седмица се очекуваат нови врнежи од дожд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top