Уште една седница на кичевскиот совет помина неславно. Предмет на недоразбирање беше точката 5 – „Предлог Одлука за именување на име на улици “, од 26-тата седница на советот. Советниците во материјалите кои ги добиле по електронски пат, оваа точка била оставена празна и без конкретни предлози. За истата, не била одржана Комисијата за односи на заедниците нити Комисијата за именување на улици, тротоари, патишта, плоштади и културни знаменитости, објави порталот Кичево.мк.
На координацијата која била одржана пред десетина дена биле предложени три албански имиња за улици во населбата „Иванидол“, кои не биле прифатливи за советничката група „Кичевчани за Кичево“. Наместо тоа, советничката група, дала предлог истите улици да се именуваат со бројки, но предлогот бил одбиен од страна на советниците од ДУИ.
По немањето слух за компромис и поради недоличното однесување на дел од советниците на ДУИ, уште пред точката да биде поставена на гласање, советниците на „Кичевчани за Кичево“ ја напуштиле седницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


