Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека 2014. била „црна година“ за европската безбедност и оти Северноатлантската Алијанса мора да се соочи со предизвиците кои Русија ги поставува на источните граници на нејзините членки, пренесе „Танјуг“.
– Минатата година воопшто не беше добра, всушност беше црна година, рече Столтенберг, претставувајќи го редовниот годишен извештај за активностите на Алијансата.
Тој ги повтори претходно искажаните обвиненија дека Русија ја дестабилизира Украина и го крши меѓународното право, но изјави дека НАТО нема намера властите на самопрогласените републики во Украина да ги стави на списокот терористички организации.
– Тоа не е наш пристап, одговори Столтенберг на прашањето дали властите во Доњецк и Луганск ќе бидат третирани како терористи, како што побараа балтичките членки на НАТО.
Генералниот секретар скрена внимание и на тоа дека и покрај санкциите, Русија забрзано инвестира во војската, додека западно-европските земји ги намалуваат буџетите за одбрана.
Столтенберг се осврна и на се поголемата опасност од „Исламската држава“ и другите екстремистички организации кои се обидуваат да го пренесат џихадот на улиците на европските градови.
Генералниот секретар најави дека на маргините на претстојната Минхенска конференција за безбедност ќе има неформална средба со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток


